Работнички преговара со Данило Мијатовиќ

Данило Мијатовиќ е изборот на раководството на Работнички за нов центар на актуелниот вицепрвак, откако српскиот кошаркар стана слободен по распадот на екипата на АВ Охрид. „Центарци“ веднаш покажале интерес да го доведат Мијатовиќ во својот табор, а во текот на денешниот ден ќе се водат и конкретни разговори за преселба на овој одличен кошаркар во тимот предводен од Димитар Мираковски.

И кај двете страни постои желба што поскоро да биде најден заеднички јазик, Мијатовиќ за експресно да најде клуб по неочекуваниот расплет во Охрид, а Работнички за конечно да ја пополни дупката на центарската позиција што настана со заминувањето на Американецот Кокли.

Мијатовиќ во тимот на Работнички би се нашол крај двајца поранешни соиграчи од Блокотехна, Горан Главчев и Стеван Глигоријевиќ, кој летово потпишаа едногодишни договори со најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.

Се вчитува...