Кошаркарите на Работнички во вториот пријателски натпревар викендов ја совладаа екипата на Војводина со 77:72. Македонскиот тим со оваа победа испрати позитивен сигнал пред почетокот на официјалните натпревари.
Средбата против Војводина која, неодамна стана филијала на Дубаи, претставуваше еден од најсериозните тестови за Работнички на подготовките. Откако на првиот дуел загуби со 69:87, денеска тимот од Градски парк славеше со 77:72.
Работнички одигра организирано и со подобар ритам во клучните моменти од натпреварот во кој имаше неколку пресврти. На пет минути до крајот Војводина поведе со 63:64, но поранешниот македонски шампион успеа да го „сврти“ резултатот и на крајот да слави со 77:72.
Виктор Ефремовски со 24 поени беше најдобар во редовите на Работнички, Трајанов и Рикиќ дадоа по 11 поени, а Робев натпреварот го заврши со 10 постигнати поени.
Последната контрола пред стартот на новата сезона, Работнички ќе ја има в вторник кога во Кавадарци ќе игра против Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
