Работнички со голот во 95. минута го осигура опстанокот, Скопје и Тиквеш во бараж, Борец во Втора лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Работнички со голот на Марјан Ристовски во петтата минута од судиското продолжение успеаја да дојдат до триумф од 2-1 против Борец, со што и теоретски си го обезбедија опстанокот во елитното друштво.

Марјан Ристовски убаво погоди за триумф на „романтичарите“ со кој сега, на две кола до крајот на шампионатот, со недостижна предност пред Скопје и Тиквеш кои ќе играат во баражот против второпласираните екипи од второлигашките конкуренции за опстанок во лигата.

И дефинитивно вториот тим кој ја напушта Првата лига е велешки Борец, кој му се приклучува на битолски Пелистер со преселбата во ранг понизок.

Се вчитува...