Работнички убедлив со Пелистер на првиот ден од подготовките во Охрид (ФОТО)

Веднаш по денешното пристигнување во Охрид, фудбалерите на Работнички одиграа убедлив прв пријателски натпревар летово славејќи против повратникот во Првата лига, Пелистер, со 2-0.

На стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, „романтичарите“ поведоа со прекрасниот гол на Силјановски во 32. минута кој прецизно шутираше од 16 метри.

Конечните 2-0 ги постави Џордан Ломба во 68. минута од средбата.

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Ратко Достаниќ натпреварот против Пелистер го почна во следниот состав: Јанков, Силјановски, Трајковиќ, Ѓорѓевиќ, Зука, Станковски, Тошевски, Шаркоски, Стојкоски, Максимов, Тодоровски.

Се вчитува...