Раднички Ниш сака да го ангажира Љупчо Дориев

Македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев е цел на српскиот прволигаш Раднички Ниш. Овој клуб подолг период ги следи игрите на напаѓачот на Академија Пандев и отвори преговори со струмичкиот клуб за ангажман на одличниот офанзивец.

Дориев во зимскиот преоден рок беше пред трансфер во Словенија, но одлучи да остане во редовите на Академија Пандев, а сега би можел да замине иако има уште една година од актуелниот договор со „пандевци“. Тој во некомплетната измината сезона одигра 17 натпревари во дресот на Академија Пандев и постигна три гола.

Покрај Раднички Ниш, Љупчо Дориев е секогаш интересен и за нашите најдобри клубови, Шкендија и Вардар.

Се вчитува...