Дарко Радуловиќ сосема очекувано задоволен од изданието на своите кошаркари и победата на Пелистер над Феникс 2010 од 81-70 во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Радуловиќ по мечот истакна максимален респект за противникот кој е секогаш тврд тим за игра на терен, но Пелистер беше повеќе од надмоќен сосема заслужено доаѓајќи до победата и обезбеден дуел во полуфиналето против Еуро Никел утре од 19:30 часот.
„Феникс е секогаш многу незгоден противник, но денеска мислам дека функциониравме беспрекорно. Клучното беше што го затворивме нивниот офанзивен скок, кој често ни прави проблем и заслужено дојдовме до победата. Правилно ја распределивме минутажата, дел од играчите ќе бидат поодморени и тоа е секако добар знак. Текот на натпреварот наложуваше да ја преземеме предноста, и тоа и се случи. Потоа беше полесно и успеавме рутински да го приведеме натпреварот кон крајот“ – истакна стратегот на „пелистерци“, веднаш дополнувајќи:
„Сега не чека полуфинале со Еуро Никел, екипа која е во неверојатен шутерски ритам. Ќе биде тешко, но мора да дадеме 200% од нашите можности. Имаме и „свежа крв“ во името на Амир Најт, кој полека се вклопува во нашиот систем и мислам дека ќе биде солидно засилување со АБА лигашко искуство“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА