Рафа Надал со стил и со убедлив триумф се врати на тениските терени

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал се врати на тениските терени со голем стил во првото коло на АТП турнирот од серијата 500 кој се игра во Барселона.

Откако Шпанецот својот последен меч го одигра уште во Бризбејн во јануари месец на терените конечно се врати со триумф со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-3 против Италијанецот, Флавио Цоболи.

Во 2. коло Рафа Надал за противник ќе го има четвртиот носител на турнирот, Австралиецот, Алекс де Минор.

Се вчитува...