Рафаел Надал ќе настапи во Барселона за последен пат

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги надмина проблемите со повреди поради кои ги пропушти турнирите во Монте Карло и Индијан Велс и е подготвен да настапи на престојниот турнир кој ќе се одржи во Барселона.

Таму во првото коло во вторник го очекува средба против 21-годишниот Италијанец, Флавио Кобили, 62. најдобро рангираниот тенисер на АТП лисата.

„Дојдов овде и воопшто не знаев дали ќе можам да играм. За мене тоа е поклон што ќе може да настапам. Гледам на ова како последен настап во Барселона и планирам да уживај во секој момент“, изјави Надал.

Надал е рекордер кога станува збор за турнирот во Барселона кој го освојуваше 12 пати.

Се вчитува...