Новиот капитен на Барселона, Рафиња, одлучи да стави крај на шпекулациите за неговата иднина кои се објавуваа летово и порача дека за него постои само еден тим.
Бразилецот откри дека со нетрпение чека да седне на маса со управата на Барселона за да разговараат за нов договор.
Тренерот Ханси Флик, пред почетокот го назначи Рафиња за прв капитен на Барселона, а Бразилецот му одговори со фантастични игри. Тој ја предводи листата на стрелци во Ла Лига со девет постигнати голови.
„Го обновив договорот до 2028 година со идеја дека тогаш ќе имам 30 или 31 година и не знаев како ќе се носам со тоа. Но, со оглед на тоа како ја започнав сезоната, сфаќам дека има сила за уште неколку години. Би бил среќен да го продолжам договорот за уште неколку години и да ја завршам кариерата на „Камп Ноу“, порача Рафиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
