Барса го мина целото лето обидувајќи се да го комплетира трансферот на Алварз од Атлетико Мадрид, но оваа пропадната идеја воопшто не се почувствува во играта на каталонскиот гигант, благодарение на Рафиња.
Бразилецот доби шанса како „деветка“ од Ханси Флик и одлично се снајде во новата улога, постигнувајќи вкупно осум погодоци на првите пет меча на Барса во сите натпреварувања, воедно и беше избран за играч на месец август во шпанската Ла Лига.
За каталонскиот гигант нема дилема, Рафиња мора да остане ште долго на „Камп ноу“, а директорот Деко добил налог што поскоро да ги стартува преговорите за нов договор. Актуелниот истекува во јуни 2028, но каталонците се убедени дека ќе најдат заеднички јазик со екс-фудбалерот на Лидс, пред се поради големата желба што тој секогаш ја истакнува – што подолго да остане во Барселона.
Впрочем, Рафиња две лета по ред одбива мегапонуди од Саудиска Арабија токму поради желбата да остане во Барса, а таа лојалност ќе биде наградена до крајот на оваа календарска година, со нов договор што ќе биде со важност најмалку до јуни 2030 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
