Барселона започна разговори за продолжување на договорот со Рафиња, кој игра фантастично откако Ханси Флик седна на клупата на каталонскиот тим.
Според каталонскиот весник „Спорт“, спортскиот директор на Барселона, Деко, денеска има средба со Рафиња во ресторан, со цел да се направи чекор напред во преговорите за нов договор. Актуелниот договор на Бразилецот со каталонскиот гигант истекува во 2028 година.
Состанокот бил неформален, но во исто време и многу важен за иднината на фудбалерот.
„Спорт“ наведува дека разговорот поминал во позитивна атмосфера и дека постои желба на двете страни, да се дојде до договор.
Интересно е што Рафиња во моментов нема агент, па самиот ги води разговорите за својата иднина.
Бразилецот директно учествува во состаноците со клупските челници и е запознаен со сите детали поврзани со преговорите и неговата иднина.
Дополнителна надеж на фановите на Барселона им влева и податокот дека Дека пред да стане спортски директор на каталонскиот тим, се грижеше за кариерата токму на Рафиња. Нивната професионална соработка целосно заврши откако Деко ја презеде функцијата во каталонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
