Рајковиќ ќе биде дел од тренерскиот тим на Сан Антониот на летната лига во НБА

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ летово ќе биде дел од НБА Летната лига како член на стручниот штаб на Сан Антонио Спарс.

Рајковиќ веќе престојува во Тексас, каде што се во тек подготвителните тренинзи на тимот за претстојниот турнир во Лас Вегас, закажан во периодот од 9 до 19 јули.

Нашиот стручњак ќе ја има улогата на гостин-тренер во таборот на „мамузите“. Овој ангажман претставува вообичаена пракса за НБА франшизите, кои секоја година канат докажани европски тренери со цел размена на кошаркарски идеи, искуства и запознавање со напредните методи на работа во најсилната лига на светот. За Рајковиќ ова ќе биде уникатна можност за надградба на својата богата интернационална кариера.

Се вчитува...