Рајт: Ја завршивме работата поради која дојдовме во Виена

Македонија ја совлада Австрија во Виена, и ја запиша првата победа во втората рунда претквалификации.

Репрезенттивецот Мозес Рајт беше задоволен од настапот на македонската репрезентација и победата на гостувањето во Виена. „Црвено-жолтите“ успешно го започнаа натпреварувањето, а американскиот кошаркар смета дека тимот целосно ја исполнил задачата поради која отпатувал во Австрија.

„Секогаш е убаво да се победи. Имавме и доста загубени топки, можам да набројам уште неколку работи кои треба да ги поправиме, но генерално сум задоволен бидејќи ја завршивме работата за која дојдовме овде. Среќен сум и поради атмосферата во екипата. Одигравме добар натпревар и заслужено победивме“, истакна Рајт.

Македонија во текот на целиот натпревар имаше контрола над случувањата на паркетот и со сигурна игра стигна до значаен триумф на стартот од циклусот.

За Рајт, покрај резултатот, особено важна е и позитивната атмосфера во тимот, што може да биде голем адут за репрезентацијата во продолжението од квалификацискиот циклус.

Со победата во Виена, Македонија направи важен чекор кон остварување на целта, а следните предизвици ќе бидат можност тимот да ја потврди добрата форма и да продолжи во ист ритам.

Се вчитува...