Ракитиќ и понуди две опции на Барселона

Се уште е неизвесна судбината на Иван Ракитиќ во Барселона. Според информациите кои доаѓаат од Шпанија се дека Хрватот дека неговиот став останува ист и дека сака да остане на „Камп ноу“.

Тој го информирал раководството на Каталонците дека ако не планираат веќе на неговите услуги да му дадат раскинување на договорот како би можел да се врати во Севилја. Севилја во моментов не е подготвена да го плати обештетувањето за Хрватот кое е 20 милиони евра.

Како една од опциите е и трансфер на Ракитиќ во Арсенал во замена за Матео Гендузи кој би дошол на „Камп ноу“.

Се вчитува...