Ракитиќ: Лажни се информациите дека ја напуштам репрезентацијата

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ вели дека нема вистина во наводите на медиумите во Хрватска и шпанија дека планира да ја заврши репрезентативната кариера, незадоволен од статусот кој го има во националниот тим. Тој вели дека вистина е само тоа што го изјави селекторот Далиќ, дека е донесена  заедничка одлука Ракитиќ да ги пропушти следните два меча против Велс во квалификациите и пријателската со Тунис, поради проблеми со задната ложа.

„Во разговор со Ракитиќ донесовме заедничка одлука дека тој нема да биде дел од репрезентацијата на натпреварите против Велс и Тунис поради проблеми со задната ложа. Нема да биде подготвен за натпреварите и затоа ќе мораме да одиграме без него“, изјави Далиќ во средата.

Искусниот фудбалер размислуваше за завршување на репрезентативната кариера веднаш по завршувањето на Светското првенство, но во разговор со селекторот Далиќ, одлучи да продолжи да го носи дресот со националните бои.

Се вчитува...