Ракитиќ: Не се грижете, Реал ќе ’киксне’

Барселона и Реал Мадрид и оваа сезона до последен здив ќе се борат за шампионската титула, а во мала предност засега се „кралевите“, со оглед дека имаат одиграно еден меч помалку, а бодовното салдо на ривалите е идентично, по 81 бод. Каталонскиот тим денеска го пречекува Вилјареал на „Камп Ноу“, а Реал Мадрид има релативно лесно гостување против Гранада. Но, хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ се надева дека Реал Мадрид ќе загуби еден меч до крајот на сезоната, што доколку Барселона ниже победи, ќе значи и задржување на шампионската круна.

„Не се грижете, Реал Мадрид ќе ’киксне’ на еден меч до крајот. Ние не размислуваме за нив, туку сме фокусирани на нашите натпревари. Ќе се потрудиме да ги победиме сите ривали до крајот на првенството, и верувам дека ќе го задржиме шампионскиот пехар во нашите витрини“, вели Ракитиќ.

„Кралевите“ во следното коло ќе ја пречекаат Севилја на „Сантијаго Бернабеу“, а тоа е претходниот тим на Ракитиќ.

„Севилја е доволна квалитетна за да го победи Реал во Мадрид. Би било тоа навистина пријатно изненадување за нас“, истакнува фудбалерот на Барселона.

Се вчитува...