Ракитиќ заврши со Барселона, се враќа во Севилја

Хрватот Иван Ракитиќ и дефинитивно ова лето ја напушта Барселона а кариерата ја продолжува во Севилја, пренесува „Мундо Депортиво“.

Договорот на Ракитиќ му завршува следното лето, изминатиов период се надеваше дека клубот ќе му понуди нов договор но ништо од тоа. По доаѓањето на Де Јонг, ова лето и Миралем Пјаниќ, а покрај Видал, јасно е дека за Ракитиќ тешко дека ќе има место во првиот тим.

„Во клубот се исклучително задоволни од Ракитиќ и од неговиот однос сите овие шест години во Барселона. Токму поради тоа клубот сака да му биде од помош при изборот на нова средина“ – пишува „Мундо Депортиво“, кој тврди дека Барселона ќе се согласно на отштета од само десет милиони евра.

А, таа отштета е подготвена да ја плати Севилја која посакува враќање на Ракитиќ во своите редови. Хрватскиот фудбалер во периодот од 2011 до 2014 година запиша 117 настапи за Севилја притоа постигнувајќи и 27 погодоци.

 

 

Се вчитува...