Ракомет на плажа: Ракометарките поразени и од Романија

И во петтиот меч на ЕП во ракомет на плажа, македонските ракометарки се поразени од Романија. Романките успеаја да слават со вкупни 2:0 (25:14 и 15:14 по сетови).

Во македонската селекција најдобра ракометарка беше Божиновска со 12 поени.

За Македонија останува уште натпреварот со Унгарија кој се игра денеска. ЕП на ракомет во плажа се игра во португалскиот град Назаре.

Се вчитува...