Ракометарките го освоија седмото место на МИ во Оран

Женската ракометна репрезентација на Македонија го освои седмото место на ракометниот турнир на Медитеранските игри кои годинава се одржуваат во алжирскиот град Оран.

Ракометарките во мечот за седмото место славеа над домаќинот Алжир со убедливи 31-23. Уште од самиот старт на мечот „црвено-жолтите“ девојки тргнаа силно, па на полувреме имаа предност од пет гола (17-12).

Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 31-23. Теодора Дукоска со осум гола повторно беше најдобар поединец во нашиот табор, додека Сара Миновска натпреварот го заврши со пет погодоци.

Машката репрезентација денеска од 14 часот по македонско време го игра полуфиналниот меч против Египет.

Се вчитува...