Ракометарките на 18. април ќе ги дознаат противничките на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија со вчерашната победа во Баку над Азербејџан обезбеди пласман на Европското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Австрија, Швајцарија и Унгарија.

Нашите девојки своите противнички на овој шампионат ќе ги дознаат на 18. април во 18 часот кога во седиштето на ЕХФ во Виена ќе бидат извлечени групите.

В недела ќе биде комплетиран списокот на учесници, а покрај Македонија, европскиот првак Норвешка, како и трите домаќини, на ЕП се пласираа и Данска, Црна Гора, Шведска, Франција, Холандија, Шпанија.

Се вчитува...