Ракометарките на Ѓорче Петров се шампионки на Македонија!

По одигрувањето на последниот натпревар од сезоната, ракометарките на Ѓорче Петров се крунисани со шампионскиот трофеј и златните медали, како потврда за одличната сезона и заслуженото прво место во домашниот шампионат.

Медалите на шампионскиот тим ги додели Силвана Карбеска, координатор на женската Супер лига, додека шампионскиот пехар го врачи генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски.

Ѓорчепетровки уште еднаш ја покажаа својата доминација во македонскиот женски ракомет, повторно сезонава обезбедувајќи европска сцена.

Се вчитува...