Ракометарките на Македонија поразени и во вториот пријателски натпревар со Норвешка

Женската ракометна репрезентација на Македонија и денеска беше поразена од Б – тимот на Норвешка со во рамки на вториот контролен натпревар во склоп на ЕХФ неделата (27-37).

„Црвено-жолтите“ го отворија мечот со три разлика 3-0, но потоа на сцена настапија гостинките. Иако во поголем дел се играше гол за гол, Норвешка замина на пауза со предност од два разлика (14-16).

Норвежанките во ист ритам продолжија и во вториот дел, но овојпат одиграа уште подобро во одбраната и нападот. Гостинките го скршија мечот по 47. минута, па потоа само лесно ја зголемуваа гол-разликата. Љубомир Савевски и на овој дуел шанса за настап им даде речиси на сите младинки, кои имаа привилегија да го почувствуваат теренот и моќната Норвешка.

Стојковска со 6 гола беше најефикасна во нашиот табор, постигнати сите во првото полувреме.

Претходно овие две репрезентации ја одиграа првата контрола која беше од затворен тип, а нашата репрезентација загуби со минимални 26-27.

Овие припреми се нопходни за нашата селекција, особено ако се има в предвид дека има нешто повеќе од еден месец до почетокот на Европското првенство на кое сме едни од домаќините, турнир каде за противници ќе ги имаме силните Франција, Холандија и Романија.

Се вчитува...