Ракометарките на собир, Јовановска доаѓа последна

Женската ракометна репрезентација на Македонија стартуваше со подготовките пред настапот во квалификациите за СП 2019 во Јапонија.

Селекторот Симе Симовски, за овој циклус повика 21 ракометарка, а уште по првиот собир од составот поради повреда отпадна пикерот Сања Дабевска. Репрезентацијата од утре ќе биде комплетна откако ќе се приклучи и Дајана Јовановска која поради клупските обврски на Исланд пристигнува два дена подоцна од другите.

Македонските ракометарки ќе имаат десет дена подготовки во Скопје пред квалификацискиот турнир на кој ќе бидеме домаќини од 30 ноември до 2 декември. Во групата со Македонија се уште и селекциите на Азербејџан, Турција и Исланд. Победникот во групата обезбедува пласман во баражот за СП 2019.

Се вчитува...