Ракометарките на средба со градоначалникот на Кавадарци

Женскатa ракометна репрезентација се подготвува во Кавадарци за претстојниот настап на турнирот во Турција, што ќе биде подготовка за нашите најдобри ракометарки за претстојните квалификациски предизвици.

Ракометарките денеска беа на свечен прием кај градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, при што му подарија дрес со име на легендарната Индира Кастратовиќ, потпишан од сите репрезентативки.

„Со особена чест, денес женската сениорска репрезентација на Македонија оствари пријателска и мотивирачка средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Градоначалникот упати искрени честитки и им посака многу успех, среќа и достоинствен настап на претстојниот меѓународен турнир во Анкара, Турција. Им благодариме за топлиот пречек, поддршката и убавите зборови“, објави Ракометната Федерација на Македонија.

Се вчитува...