Ракометарките поразени од Србија на првиот тест меч (29-35)

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Србија на првиот пријателски натпревар во рамките на ЕХФ неделата. Во мечот кој, затворен за јавноста, се играше во спортската сала во Автокоманда избраничките на Симевски загубија од Србија со 29-35.

Србинките биле поквалитетен противник на мечот, доминирајќи во второто полувреме кога е креирана и разликата за победа.

Вториот меѓусебен натпревар двете селекции ќе го одиграат утре од 12 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Двата натпревари за нашата селекција се во рамките на подготовките за бараж средбите со Шведска за пласман на Светското првенство во Германија.

Се вчитува...