Ракометарките примија 42 гола од Турција

Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од 33-42 од Турција во рамките од турнирот во Анталија.

„Црвено-жолтите“ одиграа катастрофално во одбраната во текот на сите 60 минути, во првото полувреме примија дури 22 гола, уште 20 во вториот дел, по што поразот беше неизбежен. Ѓоргиевски, Саздовска, Стојановски и Кипријановска со по шест погодоци беа најефикасни во таборот на Македонија на овој натпревар.

Пред овој пораз, Македонија утрово славеше над Б-селекцијата на Турција со 37-19, додека вчера ремизираше со Италија (29-29). Нашите ракометарки утре се слободни, а в понеделник ќе ги одмерат силите со селекцијата на Косово од 15 часот.

Се вчитува...