Ракометарките против Германија ги стартуваат квалификациите за ЕП 2026

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска со гостински натпревар против репрезентацијата на Германија ќе ги стартува квалификациите за пласман на Европското првенство кое што следната година ќе се игра во Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција.

Избраничките на Грчевски ќе имаат тешка задача на денешниот меч против фаворитот во групата, но сепак расположението во таборот на нашата репрезентација е на високо ниво.

Македонија по долгиот пост има настап на два континентални собири во низа па се надеваме дека ракометарките ќе ги бранат боите на националниот дрес и на шампионатот следната година.

Натпреварот меѓу Германија и Македонија е со почеток во 19.30 часот. Во нашата група уште се и репрезентациите на Словенија и Белгија.

Се вчитува...