Ракометарките со реми на контролниот натпревар со Италија

Женската ракометна репрезентација на Македонија одигра нерешено против Италија 29-29 во првиот од предвидените четири пријателски натпревари во Aнталија, Tурција.

Во првиот контролен меч, избраничките на Симе Симовски на полувремето имале негатива од три гола 16-13, која успеале да ја анулираат со идентичен резултат во вториот дел за реми од 29-29.

Македонија во Турција замина со комбиниран состав, во кој Симовски шанса им дава на младите да се докажат.

Дамите утре ги очекуваат две средби, против „А“ и „Б“ – селекциите на Турција од 11:30, односно од 17 часот.

Се вчитува...