Ракометарките со триумф над Косово го заокружија турнирот во Анталија

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија со победа над Косово го заврши настапот на меѓународниот турнир што се одржа во Анталија, Турција. Нашите најдобри ракометарки во последниот натпревар од турнирот беа поуспешни од селекцијата на Косово и славеа со 30-27. На полувреме имаа водство од 17-13.

На турнирот Македонија претходно одигра три натпревари, а оствари по една победа, реми и пораз.

Македонија – Италија 29-29 (13-16)

Македонија – Турција (Б) 37-19 (22-8)

Македонија – Турција (А) 33-42 (22-17)

Македонија – Косово 30-27 (17-13)

Се вчитува...