Ракометарките со втора контрола против Норвешка

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска против б- тимот на Норвешка ќе го одигра и вториот контролен натпревар во склоп на ЕХФ неделата.

Во четвртокот овие две репрезентации ја одиграа првата контрола која беше од затворен тип, а нашата репрезентација загуби со минимални 26-27.

Селекторот, Љубомир Савевски вели дека овој меч е одлична шанса да се види до каде е нашата репрезентација на нешто повеќе од еден месец до почетокот на Европското првенство на кое сме едни од домаќините.

„Натпреварот против Норвешка е одлична шанса да видиме за тоа до каде сме на некој еден месец до стартот на Европското првенство. Нормално како што кажав и претходно наша цел на шампионатот е да одиграме најдобро што можеме и да се обидеме да земеме „скалп“ барем на еден од фаворитите. Овој меч против Норвешка е одлична шанса за некое воигрување, но и да видиме со што точно располагаме пред шампионатот“, изјави Савевски. 

Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје е закажан за 16 часот.

Се вчитува...