Ракометарките играат за својата чест против Романија

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе ја пречека Романија во реваншот од баражот за пласман на Светското првенство. По убедливиот пораз од првиот меч во Романија од 33-22, на ракометарките денеска им останува само да се борат за својата чест.

На нешто повеќе од една година до почетокот на Европското првенство на кое ние сме домаќини, собирањето искуство на големи натпревари е главната цел на оваа млада репрезентација која во годините што следат треба повторно да го врати сјајот на женскиот ракомет во нашата земја.

Селекторот Симовски со истиот состав ќе излезе и на вториот натпревар кој на програмата е денеска од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...