Македонскиот тренер Зекирија Рамадани сосема неочекувано доби отказ од косовска Дрита.
Рамадани кој го доби признанието најдобар тренер во Косово за минатата сезона, сега неочекувано уште на стартот од новата сезона доби отказ.
Рамадани, и самиот изненаден, потврди дека се разделил со Дрита.
„Да, се разделив од клубот. А, околу причините за тоа прашајте го клубот, ако мене ме прашувате немаа причина да ме отпуштат“, изјави македонскиот тренер за Канал 10.
По речиси три години Рамадани го напушта клубот каде пристигна откако претходно го водеше тимот на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
