Рамос доби место меѓу „петтемина величенствени“ во Реал

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, беше стрелец на победничкиот гол за „кралевите“ на синоќешниот меч против Хетафе (1-0) по што тимот обезбеди четири бода предност пред големиот ривал Барселона на пет кола до крајот на Ла Лига. На најубав начин го прослави 450. настап во дресот на Реал Мадрид и влезе меѓу „петтемина величенствени“ во клупската историја – фудбалерите со најголем број натпревари во „кралскиот“ дрес.

Рамос е сега на петтата позиција со 450 меча и сериозно го загрозува четвртото место на Сантиљана (461). На третата позиција е легендарниот голман Икер Касилјас (510), втората позиција ја има Маноло Санчис (523), а на врвот е Раул Гонзалес Бланко со 550 одиграни натпревари во Реал Мадрид.

 

 

Се вчитува...