Рамос: Реал Мадрид ми е како фамилија, се надевам на освојување на ЛШ

Иако од Реал Мадрид се прости на не толку добар начин, сепак дефанзивецот на ПСЖ Серхио Рамос истакна дека вечерва со целото срце ќе навива за „кралевите“. Играчот кој беше повеќе од една деценија член на мадридскиот тим, вели дека ништо не се сменило кај него, и дека и натаму Реал му е во срцето.

Истакна надеж дека тимот ќе дојде до својата 14-та титула во историјата во Лигата на шампионите.

„Реал Мадрид е мојата фамилија, и тоа нема да го смени никој. Се надевам дека вечерва ќе го освоиме 14-тиот пехар во Лигата на шампионите“, рече Рамос.

Шпанскиот стопер беше дел од Реал од 2005 до 2021 година. Освои четири пехари во Лигата на шампионите, пет во Ла Лига, два во Купот, четири во Супер-Купот на Шпанија, три во Супер-Купот на Европа, и четири светски клупски првенства. Во 2021 година летото неочекувано замина во ПСЖ, и ја освои титулата во францускиот шампионат.

Се вчитува...