Рамос со феноменален гол на тренинг го „застрашува“ Јувентус… (видео)

Реал Мадрид во сабота во Кардиф го игра големото финале од Лигата на шампионите против Јувентус.

Откако неколку денови си ја славеа шампионската круна во Шпанија, фудбалерите на „кралскиот клуб“ се вратија на тренинзите за најважниот меч во сезоната. Реал Мадрид има можност да биде прв клуб кој го одбранил трофејот шампион на Европа во саботното финале против „Старата дама“.

Играчите на Реал се подготвуваат во тренинг центарот во Мадрид каде владее одлична атмосфера… Незаменливиот Серхио Рамос притоа објавувајќи едно видео, со без сомнение прекрасен негов погодок, испрати порака до Јувентус дека се повеќе од подготвени за пресметката со нив во Кардиф…

Се вчитува...