Ранетиот и исцрпен Вардар со комбиниран состав против Војводина

Со гостувањето против Војводина во Нови Сад, Вардар влегува во трите завршни натпревари од групната фаза во СЕХА лигата. Дуелот доаѓа во период во кој Вардар има лоша резултатска серија во Лигата на шампионите и елитното натпреварување го заврши со убедлив пораз од Веспрем, а губеше во серија и од Мешкоив и од Киелце. Во трите последни средби од регионалното натпреварување, Вардар треба да ја потврди првата позиција на табелата. Пред овој дуел има 18 бода на лидерското место, пред Мотор Запоржје кој има 15 и денеска игра против Нексе.

„Периодов многу тешко се справуваме со повредите, но и покрај тоа се трудиме да го дадеме најдоброто. Одиме во Нови Сад по тешкиот пораз од Веспрем во Лигата на шампионите. Војводина има сериозен и силен тим. Таму ќе играме со комбиниран состав но, ќе направиме се за да го добиеме натпреварот. Имаме уште неколку натпреври од СЕХА лигата до крајот од годинава и ќе направиме се да го завршиме овој дел од сезоната во победнички стил“ – вели тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров.

Вардар има одличен биланс во досегашните пресметки со Војводина. На десет одиграни средби има само еден пораз. Во првиот натпревар сезонава, црвено-црните славеа со 26-23.

“Се наоѓаме во тежок период и гостувањето кај Војводина нема да ни биде воопшто лесно. Но, како што сме покажале многупати досега, правиме максимув за да го покажеме најдопброт можно издание и да го освоиме првото место. Војводина има добар тим кој игра цврста одбрана,, но нашата цел е едноставно да покажеме дека сме подобриот тим. Верувам во тимот и мислам дека можеме во Скопје да се вратиме во три бода“ – најавува пикерот на Вардар, Домен Сикошек-Пелко.

Дуел во СЕХА лигата денеска има и Еурофарм Пелистер кој се среќава со ППД Загреб во Битола. По овие мечеви, Еурофарм има уште две гостувања, кај Веспрем и кај Спартак Москва, а Вардар има домашен дуел со Татран Прешов и гостување кај Нексе.

 

 

Се вчитува...