Рангник ќе пазарува во Дортмунд

Манчестер Јунајтед ќе биде активен на трансфер пазарот наредниот период, а привремениот менаџер Ралф Рангник веќе се обидува да ги обезбеди првите фудбалери кои треба да ги засилат „црвените ѓаволи“.

Најновите информации од Франција велат дека Рангник го убедил Дан-Аксел Загаду од Борусија Дортмунд на трансфер во Јунајтед во летниот преоден рок, потег кој би значел ангажирање квалитетен дефанзивец без отштета.

Договорот на Загаду со Борусија истекува во јуни и тој веќе има право да преговара и со други клубови, а неговиот агент Муса Сисоко веќе добил понуда и од германскиот тим за продолжување на соработката.

Рангник добро ја познава германската фудбалска сцена и очигледно е убеден дека Загаду може да биде солидно засилување, но останува да се види дали францускиот фудбалер ќе се реши на ваков чекор во кариерата.

Јунајтед има добра комуникација со Сисоко, со кого се водени разговори за трансфер на негов друг клиент, односно Усман Дембеле од Барселона.

Се вчитува...