Рангник пресече: Чалханоглу останува во Милан

Хакан Чалханоглу е на чекор до потпишување на нов договор со Милан, откако во преговорите се вклучил и Ралф Рангник. Новиот тренер на „росонерите“ веќе почна со планирање на тимот за следната сезона, при што за разлика од Стефано Пиоли, германскиот стручњак многу сериозно смета на Чалханоглу.

Токму благодарение на инсистирањето на Рангник двете страни направиле отстапки во преговорите, па сега се многу блиску до целосен договор за соработка до 2024 година.

Рангник веднаш по доаѓањето на директорската функција во Лајпциг, пред три години се обидел да го донесе Чалханоглу во овој бундеслигаш, но турскиот интернационалец тогаш при заминувањето од Баер Леверкузен го избра Милан за следна дестинација во кариерата.

Се вчитува...