Раниери дебитираше со победа, ВАР ја ’помилува’ Рома

Рома со судни маки дојде до триумф на „Олимпико“ против Емполи и славеше со 2-1. Тоа беше деби триумф за Клаудио Раниери по враќањето на клупата на „волчицата“. Свој удел имаше и ВАР-системот кој во 87.минута сугерираше да не биде признат голот на Раде Круниќ за израмнување поради претходен фаул.

Стефон Ел Шарави во деветтата минута донесе водство за Рома, а само три минути подоцна Хуан Хесус си постигна автогол. Но, Патрик Шик во 33.минута обезбеди нова предност за римскиот состав. Од 80.минута тимот на Раниери беше и со играч помалку, откако Алесандро Флоренци беше исклучен поради два жолти картони.

Рома по овој триумф се наоѓа на петтата позиција на табелата со 47 бода, три помалку од четвртопласираниот Интер.

Се вчитува...