Рашфорд: Срцето ми се крши, но ќе се вратиме посилни

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд вели дека лошата форма на неговиот тим му го крши срцето. Јунајтед во неделата загуби од Арсенал со 0-1, а тоа беше веќе трет пораз за „црвените-ѓаволи“ сезонава и тоа на „Олд Трафорд“.

„Со фудбал се занимавам откако бев дете. Ја сакам својата работа и срцето ми се крши кога не иде се по план. Мора да најдеме начин да добиваме натпревари. Имаше успони и падови, но некогаш е така и секако дека имаше мечеви на кои моравме да освоиме бодови. Кога не ни оди секогаш се враќаме. Сега е тој момент“, изјави Рашфорд. 

Манчестер Јунајтед сега го очекува натпревар против Башакшехир во Лигата на шампионите, каде во првите две кола забележа две победи против Пари Сен Жермен и Ред Бул Лајпциг.

Се вчитува...