По 14 години чекање, Расинг Сантандер се врати во шпанската Примера. Расинг обезбеди место во елитната лига две кола пред колото од натпреварувањето во Сегунда, откако на домашен терен убедливо со 4:1 го совлада тимот на Ваљадолид.
Така, Расинг со 78 бода како лидер во првенството е недостижен за третопласираната Алмерија, па единственото прашање што останува е дали ќе избори промоција како шампион или вицешампион. На второто место е Депортиво од Ла Коруња, кој исто така има 71 бод, но и натпревар помалку, па Депортиво заедно со Алмерија и четвртопласираната Малага, која има 69 бода, ќе ја водат борбата за Примера до крајот на првенството.
Вечерва Андреас Мартин постигна два гола за Расинг, додека Асиер Вилалибре и Сулеман Камара постигнаа по еден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
