„Расизам има секаде, во Јужна Америка ми довикуваа мајмунке“

Американската тенисерка Саша Викари вели дека искусила расизам на повеќе начини, но да знае како да се носи со тоа.

„Еднаш кога играв во Јужна Америка имаше луѓе кои ми викаа „мајмунка“. Луѓето ми пишуваа разни работи на социјалните мрежи, ме нарекуваа со погрдни зборови кои не ни знаев дека постојат. Слично се случуваше и на турнирите. Не ми се непознати тие работи, но за среќа доволно сум силна за да поднесам се и не ми пречи премногу. Тажно е што живееме во такво општество, но тоа е реалноста“, изјави Викари. 

Американката во моментов се наоѓа на 155. место на ВТА листата, а во 2017 година играше и против Лина Ѓорческа во првото коло од квалификациите на Австралија опен, каде нашата најдобра тенисерка беше подобра со 2-1 во сетови (6-2, 3-6 и 6-3).

Се вчитува...