АБА-лигата денеска го објави целосниот распоред на натпревари за сите групи од АБА2 лигата за сезоната 2026/27 во која мак-баскетот ќе има три претставници во ова регионално натпреварување, и тоа ланските финалисти МЗТ Скопје и Маџари и тимот на ТФТ, кој минатата сезона стигна до финалето на АБА2 лигата.
Маџари своето деби во новата сезона ќе го има на 6 октомври, и тоа на гостински терен против екипата на Војводина во Нови Сад, додека тимот на Марјан Илиевски првиот домашен меч (ќе игра во салата „Јане Сандански“ во скопски Аеродром) ќе го игра на 29 октомври против Морнар.
МЗТ Скопје и ТФТ ќе бидат домаќини во првото коло, и тоа аеродромци ќе ја отворат новата сезона во АБА2 на свој терен против Слобода Ужице на 30 септември, додека ТФТ својот премиерен меч ќе го игра на 14 октомври против Слобода Тузла.
Во второто коло ТФТ ќе гостува во Словенија на Шенчур на 21 октомври, а три дена подоцна МЗТ ќе игра во Црна Гора против тимот на Сутјеска.
Целосниот распоред на натпреварите од групната фаза на АБА2 лигата можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
