РАСПОРЕД: МЗТ оди на Фени, Соколи на Работнички или Куманово

Бранителот на трофејот МЗТ Скопје одбраната на титулата во Купот на Македонија ќе ја почне со дуел со Кожув, а доколку победат „металците“ во полуфиналето ќе налетаат на домаќинот Фени индустри, кој важи за апсолутен фаворит против Охрид. Работнички и Куманово ќе се сретнат во најинтересното четвртфинале, а подобриот од овој дуел ќе ги одмери силите со Карпош соколи.

Воедно, одредени се и точните термини за одигрување на четвртфиналните натпревари што ќе се играат следниот петок. Програмата во салата „Јамин“ во Кавадарци ќе почне со дуелот Карпош соколи – Вардар во 13 часот, домаќинот Фени индустри ќе се сретне со Охрид со почеток во 15.30 часот, дербито меѓу Работнички и Куманово на програмата ќе биде од 18 часот, Четвртфиналната програма ќе ја заокружи МЗТ Скопје со дуелот против Кожув, што ќе почне во 20.30 часот.

kup na makedonija kosarka

Се вчитува...