Распоред: Почнуваме со Јапонија, завршуваме со Исланд

Македонија беше извлечена во групата Х за претстојното Светско првенство што ќе се одржи во Германија, а нашите ракометари првите три средби на шампионатот ќе ги играат во Магдебург против селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија.

Веќе е познат и првичниот распоред, според кој наш прв противник на овој ракометен мундијал ќе биде селекцијата на Јапонија, дуел закажан за 15 јануари.

Два дена подоцна, на 17 јануари наш противник ќе биде Бахреин, меч на кој дефинитивно ќе ја имаме фаворитската улога.

Учеството во групата Х ќе го заокружиме со пресметката со носителот Исланд, меч закажан за 19 јануари.

Пласман во следната фаза обезбедуваат најдобрите три селекции од оваа група, а новата група од главната фаза ќе се игра во Хановер, каде ќе се најдат и Топ 3 селекциите од групата Г каде се наоѓаат Данска, Словенија, САД и Ангола.

Се вчитува...