Распоред за сезоната: МЗТ тргнува со Куманово, првото дерби во Гевгелија

Новата сезона во кошаркарскиот шампионат на Македонија ќе стартува во октомври, а денеска конечно беше извршена и ждрепката по која е познат и целокупниот календар за натпреварување.

Шампионот МЗТ Скопје ќе ја отвори сезоната со домашен натпревар против Куманово, додека Работнички ќе биде голем фаворит на гостувањето против новиот прволигаш Академија ФМП. Дерби-дуелот во првото коло ќе се игра во Гевгелија, каде Кожув ќе го пречека засилениот состав на Охрид. Интересно ќе биде и во Кавадарци, каде тимот на Еуроникел (поранешен Фени индустри) ќе биде домаќин на Гостивар.

МЗТ Скопје во втората рунда го очекува незгодно гостување против Гостивар, а вечното дерби МЗТ – Работнички според утврдениот календар ќе се игра во последното коло.

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО:

Еуроникел – Гостивар, Кожув – Охрид, Академија ФМП – Работнички, Вардар – Пелистер, МЗТ Скопје – Куманово. Слободен е тимот на МЗТ 2.


Се вчитува...