По 21 години и пет поминати олимписки циклуси конечно Македонија се најде на листата на медалисти на едни игри. Таеквондистот Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во категоријата до 80 килограми.
Македонија во моментов е на делба на 39 позиција на табелата и тоа со земји како што се Данска, Романија, Бугарија, Индија… имаат далеку поголеми услови за успех.
На врвот Јапонците втор ден остануваат најдобри со 10 освоени златни медали, пред САД и Кина кои имаат по еден помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА