Распродажба во Челси: Тројца заминуваат во Германија, крилото на пат кон Рим…

Челси се обидува да го консолидира играчкиот кадар, откако тренерот Енцо Мареска се соочува со вишок на играчи, со оглед дека „сините“ беа активниот во изминатите два трансфер преодни рока, и донесоа многу играчи.

Така стоперот Ерон Анселмино ќе се пресели во Борусија Дортмунд како позајмен играч. Од претходно е познато дека во овој тим замнува и Карни Чуквуемека, но со перманентен трансфер.

Од Челси исто така си оди и Тајрик Џонс. Тој би требало да потпише договор со Рома, само во случај доколку „волчицата“ не успее да се договори со Џејдон Санчо. Санчо е желба исто така и на Борусија Дортмунд.

Од клубот од Лондон заминува и Николас Џексон кој е на „мета“ на неколку премиерлигаши, а голема е веројатноста дека ќе замине и Кристофер Нкунку.

Се вчитува...