Холандскиот фудбалер Де Фрај асистира, а македонскиот репрезентативец Елмин Растодер погодува за Панатинаикос, и го однесе грчкиот тим во третото коло во Лигата на Конференции.
Панатинаикос имаше негатива од 1-2 против унгарски Пакс, и се закануваше мечот да отиде во продолженија. Но, во 85. минута Растодер успеа да дојде до шанса, максимално ја искористи, и дефинитивно го потврди пласманот на грчката екипа во 3. квалификациско коло.
Ова беше прв гол за македонскиот репрезентативец во дресот на „зелените“ од Атина.
ET RASTODER S’EN VA SAUVER LE PANATHINAIKOS !!! ☘️ pic.twitter.com/st857zlYEf https://t.co/Wi28aThWef
— Feuille de Match (@fdematch) July 30, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
