„Размислете двапати пред да осудите човек како Ѓоковиќ“

Поранешниот австралиски тенисер Пол Мекнеми смета дека Новак Ѓоковиќ, поради се што направил во животот не заслужува да биде на мета на критики на јавноста. Мекнеми е свесен дека Новак погрешил, но не треба да биде осудуван бидејќи имал најдобри намери.

„Сум запознал многу шампиони. Хумани и великодушни луѓе, но Новак е на врвот. Сакајќи да донесе радост, го потцени вирусот и, да, има последици. Но сепак, извинeте. Размислете двапати пред да осудувате човек како Новак, човек со чисто срце кој направил грешка“, напиша Мекнеми. 

Покрај Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена позитивни на коронавирус се и Григор Димитров, Борна Чориќ и Виктор Троицки кои беа дел од „Адриа тур“,  како и Никола Јокиќ кој во Белград се сретна со најдобриот тенисер во светот.

Се вчитува...